Search

Чешка на 15 јуни ги отвора границите за 29 земји

Чешката влада соопшти дека од 15 јуни на граѓаните на таа земја ќе им биде дозволено да патуваат во 29 европски држави. Владата, исто така, наведува дека граѓаните на 19 држави кои се сметаат за безбедни, ќе можат да влезат во Чешка без никакви рестриктивни мерки, додека граѓаните на преостанатите 10 земјите мора да покажат негативен тест за коронавирус.

Граѓаните на Австрија, Финска, Норвешка, Исланд, Германија, Швајцарија, Лихтенштајн, Хрватска, Словенија, Грција, Словачка, Полска, Унгарија, Романија, Бугарија, Кипар, Естонија и Литванија ќе можат да влезат во Чешка без тест.

Граѓаните на Данска, Ирска, Холандија, Белгија, Луксембург, Франција, Португалија, Шпанија, Андора и Италија, земји што се сметаат за поризични поради моменталната состојба со коронавирусот, ќе можат да ја преминат чешката граница само доколку прикажат негативен тест на коронавирус.

Во спротивно, тие ќе треба да одат во карантин.

Треба да знаете
Последни објави