Search

Чешка ги отвори кафулињата, рестораните, хотелите и базените

Кафулињата, рестораните, хотелите и базените се отвораат денес во Чешка, во новата фаза на олеснување на мерките воведени во борбата против коронавирусот.

Кафулињата и рестораните се целосно отворени откако претходно им беше дозволено да служат гости само во летните тераси. Се отвораат и хотелите и апартманите, како и затворените и отворените базени.

Замоците, исто така, денеска ќе ги отворат своите врати за посетители, а до 300 учесници и гледачи ќе можат да присуствуваат на спортски настани.

Сепак, во земјата остануваат строгите мерки за хигиена.

Министерот за здравство, Адам Војтех, вчера изјави дека некои мерки, како што е забрана за посети во болници, ќе останат на сила подолго во источниот регион Карвина.

Регионот е ново жариште по избувнувањето на коронавирусот во рудникот Дарков. Досега, 212 рудари и членови на нивните семејства се позитивни на коронавирус.

На странските туристи сè уште им е забранет влез во Чешка и датумот на повторно отворање на границите не е познат.

До вчера, во Чешка се потврдени 8.932 случаи на коронавирус и 315 смртни случаи.

Треба да знаете
Последни објави