Search

Чешката полиција прекина синџир на криумчарење мигранти

Чешката полиција соопшти денеска дека прекинала меѓународен синџир на шверцери кои се занимавале со префрлање мигранти од југоисточниот дел на Азија во западна Европа.

Уапсени се 12 члена на групата за време на извршената рација во Чешка и сите се државјани на поранешните советски републики.

Поради истиот случај полицијата оваа недела вршела претреси и во Словачка, Полска и Украина.

Групата организирала транспорт на мигранти од Виетнам, Бангладеш и Шри Ланка, главно пренесувајќи ги во Германија, Франција и Велика Британија.

На криумчарите им се заканува затворска казна до десет години.

Треба да знаете
Последни објави