Search

Чеченец осомничен за препродажба на дрога во Гостивар

Осомничениот 35-годишник, од засега непознато лице, купил одредено количество наркотична дрога – марихуана, која ја држел во својата соба во еден мотел во Гостивар со намера да ја препродава. При претрес кај осомничениот на 10 февруари биле пронајдени околу 15 грама марихуана во најлонско пакување.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Гостивар достави Предлог за определување мерка-притвор за осомничениот, поради опасност од бегство, како и можност да го повтори делото и да влијае врз сведоците.

Треба да знаете
Последни објави