Search

Чеферин: Сезоната ќе биде загубена ако не продолжи да се игра фудбалот во јуни

Унијата на европските фудбалски асоцијации се подготвува за секакво сценарио за да ја заврши сезоната која е ставена во мирување поради пандемијата со коронавирусот која го тресе светот. Каква тактика ќе примени ќе зависи токму од ситуацијата на теренот со пандемијата на коронавирусот.

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин во разговор за „Ла Република“ истакна дека сезоната ќе може да биде промашена само доколку фудбалските натпреварувања не можат да продолжат до крајот на јуни.

– Во преден план е здравјето на луѓето и да се  излез од кризата. Прекинувањето на фудбалските првенства е доказ дека застана целиот свет. Не знаеме кога ќе дојде крај на оваа борба. Имаме план „А“, „Б“, па дури и план „Ц“. Во контакт сме со претставниците на лигите, клубовите, и секако постои работна група. Едноставно мора да се почека, како и луѓето во другите сектори – рече Чеферин.

Првиот човек на европскиот фудбал смета дека можно е да продолжи играњето фудбал кон средината на мај или во јуни.

– Доколку не успееме до тогаш да почнеме да играме, сезоната ќе биде загубена. Постои и предлог оваа сезона да заврши кога е планирано да стартува наредната (2020/21), која потоа би била одложена и ќе започне малку подоцна. Ќе видиме кои ќе бидат најдобрите решенија за првенствата и клубовите – додаде Чеферин.

Според претседателот на УЕФА, сега тешко е да се замисли сите натпревари да бидат одиграни пред празни трибини, но и дека моментно не се знае кога, како и дали воопшто ќе се продолжи.

Треба да знаете
Последни објави