Search

Четири џамии во Бирмингем нападнати со чекани

Четири џамии во Бирмингем биле цел на напади во текот на ноќта кон четвртокот , потврдија полицијата. Одделот за борба против тероризмот ги испитува инцидентите, но засега немаат никаква идеја за мотивот, пренесува РТ.

Првичниот напад бил пријавен во џамија на „Бирчфилд роуд“ во 2.32 часот изутрината, и, како што соопшти полицијата, биле примени дополнителни пријави дека еден човек крши прозорци во друга џамија на „Слејд роуд“ околу 3.14 часот по локално време.

Полицијата била испратена да патролира низ улиците низ целиот град во обид да спречи понатамошно уништување, а патролните полицајци открле оштетувања и на други џамии на улиците „Витон“ и „Астон Бродвеј“.

„Во моментот не го знаеме мотивот за нападите од минатиот ноќ. Она што можам да го кажам е дека силите и единицата за борба против тероризмот работат рамо до рамо за да најдат кој е одговорен”, рече шефот на полицијата на Вест Мидлендс, Дејв Томпсон, во изјавата.

 

Томпсон додаде дека по нападот во џамијата во Крајстчерч во кој беа убиени 50 муслимани и уште 50 беа повредени, полицијата од Вест Мидлендс тесно соработува со лидерите на локалните заедници за да ги смири локалните муслимани во областа.

Форензичките тимови веќе ги испитуваатместата на инцидентите, а полицијата собира видео снимки од CCTV во обид да ги пронајде сторителите.

Треба да знаете
Последни објави