Search

Четири лица починаа во Кина од корона вирусот

Во Кина досега од новиот тип коронавирус инфицирани се над 200 лица, а четири лица починале.

Најмногу заразени има во провинцијата  Вухан, каде беше регистриран и првиот случај, но вирусот е проширен од надвор од неа.

Здравствените власти во Кина соопштија вчера дека епидемијата се шири од човек на човек, што зголемува можност инфекцијата да се шири побрзо и на поголемо подрачје.

Засега не постои вакцина за овој вирус.

Светската здравствена организација испрати директиви до болниците ширум светот за да се спречи и контролира инфекцијата.

Треба да знаете
Последни објави