Search

Четири индиски војници загинаа во судир со милитантите во Кашмир

Четворица индиски војници беа убиени во понеделникот во престрелка со милитантите во областа Пулвама во Кашмир, само неколку дена по детонацијата на автомобил-бомба во истата област, при што загинаа 40 паравоени војници.

Двајца милитанти, исто така, загинаа престрелката во понеделникот, изјави портпаролот на индиската армија Раџеш Калија.

Тој додаде дека рано во понеделникот започна заедничка индиска операција на армијата и полицијата, врз основа на разузнавачки информации за присуството на милитанти во областа и дека истата е во тек.

Индија го обвини Пакистан за порастот во насилните напади, тврдејќи дека има „неспорни докази“ дека земјата била директно вмешана во минатонеделната експлозија, која претставува најсмртоносниот напад на безбедносните сили од почетокот на бунтот во спорната територија во доцните 1980-ти.

„Бараме Пакистан да престане да ги поддржува терористите и терористичките групи кои оперираат од нивната територија и да ја уништат инфраструктурата со која раководат терористичките тимови со цел да вршат напади и во други земји“, гласеше соопштението на Министерството за надворешни работи на Индија по нападот во четвртокот.

Пакистан жестоко негираше дека има улога во нападите, велејќи дека тие го осудуваат таквото насилство.

Треба да знаете
Последни објави