Search

Четири земји ја сакаат организацијата на женскиот Евробаскет 2021

Голем интерес владее за организирање на Европското првенство во женска кошарка во 2021 година. Според неофицијални извори блиски до Европската кошаркарска федерација, Франција, Шпанија, Шведска и Украина сакаат да бидат домаќини на континенталниот собир.

Сите кандидати очекуваат да имаат барем дел од натпреварувањето, па според тоа Евробаскетот може да има повеќе од еден домаќин.

Досега, Франција ја добила организацијата во 1962, 1976, 2001 и 2013 година.

Шпанија била домаќин на најдобрите женски европски селекции во 1987 година.

Шведска и Украина се уште не биле домаќини на вакво првенство.

Треба да знаете
Последни објави