Search

Четиринаесетгодишен ученик во велешкото основно училиште скокнал од први кат и тешко се повредил

Четиринаесетгодишен ученик во велешкото основно училиште „Панко Брашнар“ скокнал од први кат и тешко се повредил. Инцидентот се случил вчера утро, пред почетокот на наставата, кога детето по инаетење со соученик од одделението дека (не)може да скокне, рипнал од пет метри височина- пишува СДК. При падот на бетонската подлога, тој се здобил со скршеница.

„Во СВР Велес е пријавено дека во основното училиште ‘Панко Брашнар‘, при игра со соученици, од прозорец на една од училниците на првиот кат паднал ученик од 9. одделение. Детето притоа се здобило со тешка телесна повреда и било пренесено во болницата во Велес“, информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, додавајќи дека се работи на расчистување на случајот.

Од ЈЗУ Општа болница Велес информираа дека утрото околу 8 часот бил примен пациент кој имал повреда при пад од височина.

Треба да знаете
Последни објави