Search

Четириесеттите години од животот – крајно време за промена на начинот на живеење

Во четвртата деценија од животот, предупредува специјалистот за рак, расте склоноста кон дебелеење, потешко го поднесуваме мамурлакот, мораме да посветиме повеќе време за одржување на линијата и кондицијата, а и закрепнувањето од повреди трае подолго.

„Средната доба не е почеток на крајот, туку крај на почетокот”, потсетува докторот и предупредува дека четириесеттите се крајно време да почнеме да се грижиме за себе.

Најголем проблем е стресот и за да се справите полесно со притисоците на животот, многу е важно да сте дисциплинирани. Процесот на стареење не може да се избегне, но ако заземеме вистински став, можеме да се чувствуваме помлади и поенергични.

Секојдневното одење на работа, седењето на маса и гледањето во екранот е поризично од начинот на живеење на авантурист, тврди доктор бидејќи предизвикува стрес и воспаленија кои го намалуваат квалитетот на нашиот живот и неговата должина.

Треба да знаете
Последни објави