Search

Четиригодишни близначки се ослободиле од седиштата во автомобилот и се спасиле од смртоносна несреќа

Четиригодишни бизначки во САД успеале да преживеат смртоносна несреќа, откако се ослободиле од нивните седишта во автомобилот и се качиле на високо од каде барале помош, соопшти полицијата во Вашингтон.

Малите девојчиња в петокот се возеле со нивниот татко, 47-годишниот Кори Симонс, кога возилото удрило во дрвја и се превртело, на 55 километри северно од Сиетел. Нивниот татко починал на самото место, а како што пренесуваат американските медиуми, тој не носел безбедносен појас кога се случила несреќата.

Девојчињата, кои седеле одзади, успеале да се ослободат од нивните седишта и да се качат над возилото, на околу 60 метри висок насип, каде се превртел автомобилот. Таму ги забележала некоја жена, која повикала помош, по што девојчињата биле веднаш пренесени во болница со полесни повреди.

Се истражува причината за несреќата.

Треба да знаете
Последни објави