Search

Четворица фудбалери го минираат тренерот Нагелсман во Баерн

Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен има еден од најлошите почетоци на нова сезона. Трофејниот бундеслигаш од Минхен во последните четири натпревари од националнот порвенство не знае за победа. Баерн ремизираше против Борусија Менхенгладбах, Унион Берлин и Штутгарт и загуби од Аугсбург. Чашата со незадоволство ја прели последниот минимален пораз од Аусбург.Тамошните медиуми  информираат дека четворица фудбалери се одговори за овие резултати бидејќи го минираат тренерот Јулијан Нагелсман.

Станува збор за Садио Мане, Џошуа Кимих, Леон Горецка и Рајан Гравенберх, а сите се незадоволни поради малата минутажа.

Во медиумите веднаш се појавија најави за можна смена на тренерот Нагелсман и покрај тоа што спортскиот директор Оливер Кан застана на страната од младиот тренер. Играчите не можат да најдат заеднички јазик со Нагелсман, пренесува доброупатниот медиум Спорт 1.

 

Треба да знаете
Последни објави