Search

Четворица разбојници ограбиле двајца малолетници во Скопје

Вчера во 19.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во забавниот парк пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“, помеѓу булеварите 8-ми Септември и Илинден, четворица разбојништво нападнале и ограбиле  17-годишник од Германија и 13-годишник од Скопје.

Според пријавеното, сторителите со закана им одзеле два мобилни телефони.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави