Search

Четворица починати, 166 новозаболени од Ковид 19

Во последните 24 часа во Македонија се направени 1.419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи со Ковид-19 и тоа по градови: Скопје-47, Куманово-17, Дебар-1, Штип-23, Тетово-12, Струга-7, Битола-1, Охрид-3, Кавадарци-9, Гостивар-15, Гевгелија-1, Струмица-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-10, Виница-2, Свети Николе-2, Кичево-12, Неготино-2. Починати се четири пациенти, еден од Скопје (77 г.), еден од Кичево (72 г.), еден од Штип (58 г.) и еден од Битола (70 г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Институтот за јавно здравје регистрира 185 оздравени пациенти од: Скопје-98, Куманово-17, Штип-25, Битола-8, Гостивар-15, Радовиш-2, Пробиштип-1, Свети Николе-12, Кичево-3, Ресен-4, соопшти Министерството за здравство.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 11.054, бројката на оздравени пациенти е 6.882, на починати е 497, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.675. Денес се евидентираат три контролни теста и исправка за едно оздравено лице. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 4.901, активни 1.372
• Куманово 1.083, активни 263
• Дебар 206, активни 118
• Штип 859, активни 428
• Прилеп 333, активни 53
• Тетово 1057, активни 237
• Струга 456, активни 202
• Велес 225, активни 22
• Битола 143, активни 64
• Охрид 277, активни 89
• Кавадарци 70, активни 53
• Гостивар 465, активни 269
• Гевгелија 23, активни 12 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
• Струмица 37, активни 21
• Крива Паланка 25, активни 11
• Радовиш 29, активни 21
• Крушево 16, активни 9
• Кочани 104, активни 24
• Пробиштип 53, активни 19
• Демир Хисар 33, активни 27
• Македонски Брод 36, активни 31
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 5, активни 1
• Валандово 6, активни 0
• Виница 18, активни 14
• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 14, активни 8
• Свети Николе 224, активни 165
• Кичево 172, активни 105
• Ресен 146, активни 26
• Неготино 27, активни 7 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.419 теста се преку: ИЈЗ-1058, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-134, Систина со PCR метода -114, ЦЈЗ Битола-72, Инфективна клиника-6, ГАК-12. Досега во земјата се направени вкупно 105.357 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се шест пациенти. Вкупно се хоспитализирани 90 пациенти. На кислородна поддршка се 47 пациенти, а еден е на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и три деца позитивни, како и пет пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември” примени се седум пациенти, вкупно хоспитализирани се 96 пациенти. На респираторна машина се пет пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 170
• Аеродром – 156
• Бутел – 87
• Гази Баба – 139
• Центар – 120
• Карпош – 120
• Сарај – 65
• Кисела Вода – 149
• Ѓорче Петров – 97
• Студеничани – 48
• Шуто Оризари – 111
• Арачиново – 24
• Илинден – 23
• Петровец – 17
• Чучер Сандево – 8
• Сопиште – 21
• Зелениково- 8
• Странец – 6
• Нераспределен- 3.

Треба да знаете
Последни објави