Search

Четворица повредени во трката со бикови во Шпанија

Шпанските власти денеска објавија дека четири лица се повредени во трката со бикови на улиците на Памплона.

Според Црвениот крст, три лица беа нагмечени и едно лисце се онесвести, но никој не беше прободен со рогови во трката долга 850 метри.

Откако започнаа трките во Памплона во неделата, убодни рани добија двајца Американци и двајца Шпанци.

Деветдневниот фестивал на Свети Фермин привлекува авантуристи и љубители на бикови од целиот свет.

Треба да знаете
Последни објави