Search

Четворица повредени во судир на четири автомобили кај средното поштенско училиште

Четорица биле лесно повредени во вчерашната сообраќајна несреќа што се случи на булеварот Трета Македонска бригада кај средното поштенско училиште, информираат од МВР.

Сите четворица по укааната помош биле пуштени на домашно лекување.

Несреќата се случила околу 23 часот кога се судриле четири автомобили- „фиат пунто“,  „ауди А6“, „рено лагуна“ и „фолксваген шаран“.

Треба да знаете
Последни објави