Search

Четворица повредени во судир на два „фолксвагена“ кај Качанички пат

На 08.12.2019 во 15.40 часот на крстосницата од булевар Словенија и улица Качанички пат во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.А.(52) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(41) од с.Батинци, скопско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Г.А. и Д.Х.(21), сопатничка во неговото возило, додека возачот С.М. и сопатникот во неговото возило Г.Л.(27) од Р.Албанија, се здобиле со телесни повреди.

Тие биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави