Search

Четворица повредени во сообраќајка пред Битола

Четворица се повреени во судир на две возила, вчера на патот Битол-Прилеп, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 9.30 часот пред влез во Битола, кога се судриле автомобил„фиат пунто”, управуван од Б.Р.(28) од село Сопотница, Демир Хисар, со комби  „фиат дукато“ што го управувал П.К.(44) од прилепското село село Ерековци.

Во судирот тешко е повреден возачот на „пунтото“, а неговиот сопатник Е.К(21), исто така од  Сопотница, како и П.К. и совозачот во комбито, Н.Ц.(19) од Ерековци се лесно повредени.

Сите четворица се пренесени во Клиничката болница Битола. Извршен е увид на местото на настанот.

Треба да знаете
Последни објави