Search

Четворица повредени во две сообраќајки во Тетовско

На 21.10.2020 во 15.20 часот било пријавено дека на автопатот Гостивар- Тетово, после Градечки натпатник, патничко возило „форд фокус“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.М.(21) од с.Неготино, гостиварско, излетало од коловозот. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот А.С.(20), констатирани во Медицинскиот центар Тетово. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа на СВР Тетово.

На 21.10.2020 во 07.40 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Желино – Палатица се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „смарт“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.Е.(22) и товарно возило „мерцедес“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(50), и двајцата од с.Палатица, тетовско. Во незгодата, М.Ј. се здобил со тешки телесни повреди, а Џ.Е. со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Тетово. Извршен бил  увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Тетово.

Треба да знаете
Последни објави