Search

Четворица осомничени за убиството на претседателот на Хаити екстрадирани во САД

Тројца американско-хаитски државјани и еден Колумбиец вчера беа екстрадирани во САД поради нивната вмешаност во атентатот на претседателот на Хаити, Жовенел Моиз во јули 2021 година, соопштија американските власти.

Четворицата мажи, кои беа во притвор на Хаити, денеска ќе бидат изведени пред федерален судија во Мајами, кој ќе им го прочита обвинението, се вели во соопштението на американското Министерство за правда.

Други тројца претходно веќе беа донесени во САД за да одговараат за тоа убиство.

Жовенел Моиз (53) беше убиен од група платени убијци ноќта меѓу 6 и 7 јули 2021 година во неговата приватна резиденција во Порт-о-Пренс, без да реагираат неговите лични чувари. Неговата смрт го зголеми хаосот во таа мала и сиромашна карипска земја.

Треба да знаете
Последни објави