Search

Четворица загинати во експлозија во фабрика за пиротехника на Сицилија

Најмалку четири лица загинаа во експлозија во фабрика за пиротехничка опрема на италијанскиот остров Сицилија.

Експлозијата се случила во фабриката за пиротехнички средства во Барселона Позо ди Џото во близина на Месина, при што загинале најмалку четири лица, меѓу кои е и сопругата на сопственикот  – 71-годишната Венера Мацео.

Четири лица се повредени и се во критична состојба.

Семејството, кое ја води фабриката, ја купило компанијата пред нешто повеќе од 10 години.

Треба да знаете
Последни објави