Search

Четворица гостиварци, од кои двајца малолетници, уапсени откако во нивното возило била најдена дрога

Во гостиварското село Топлица во попладневните часови на 17 април полициски службеници запрале автомобил марка „бе-ем-ве“ при што кај лицата кои биле во него била пронајдена марихуана.

Како што информираат од МВР, во возилото со гостиварски регистарски таблици, што го управувал 22-годишник, биле уште и 20-годишник и двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години, сите од село Топлица.

Поради пронајдената дрога, четворицата биле уапсени и задржани во Полициската станица Гостивар.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави