Search

Честитка по повод 23 Октомври од Мицкоски

Дозволете ми од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ да ви го честитам 23 ти Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба.

ВМРО ги опфатило сите напредни и прогресивни елементи во македонското општество, целата Македонска интелигенција, стопанствениците и работливите Македонски селани. Сите тие заедно ја почнаа борбата која резултираше со Илинден 1903, а кулминираше со Илинден 1944.

ВМРО е симболот на Македонското единство. Под знамето за слобода се обединети сите и Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, сите кои сакале слободна Македонија, да бидат свои на своето. Таа нивна мисла била многу напред во тоа време бидејќи се темелела на принципите на солидарност, еднаквост, правда, правичност.

Нивната пожртвуваност тогаш е нашата слобода денес. Да го вреднуваме тоа, да не дозволиме нивната жртва да биде залудна. Имаме огромна мисија да ја унапредуваме таа слобода, и да ја негуваме солидарноста, еднаквоста и правдата. Економски да ја развиваме нашата земја, да рушиме бариери и ѕидови кои раздвојуваат.

ВМРО обединувало. ВМРО му припаѓа на народот.

Нека е за многу години Денот на Македонската револуционерна борба. Честит празник Македонијо.

проф. д-р Христијан Мицкоски

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Треба да знаете
Последни објави