Search

Честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод празникот Курбан Бајрам

Дозволете ми од мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани од исламската вероисповест да им го честитам големиот муслимански празник Курбан Бајрам.

Посакувам  овие празнични денови да Ви донесат среќа, мир, спокојство, хармонија и здравје. 

Празникот Курбан Бајрам е празник кој потсетува на хуманоста и солидарноста кои се основните човечки вредности. Да се помогне и да се подаде рака на оној на којшто му е потребна е израз на човечноста. 

Македонија многу пати досега докажала дека луѓето од различна вера или етничка припадност многу пати досега си подале рака и се подржувале  во предизвиците со кои се соочувале. 

Проблемите со кои  се соочуваме ги делиме сите, затоа сметам дека само работа, сплотеност и заеднички труд можат да не исправат пред сите неправди и заедно  да ги помине предизвици и премрежјата.

Мораме напорно да работиме и да создаваме државата во која главна водилка ќе ни биде сплотеноста и толеранцијата и која ќе обезбеди иднина подеднакво за сите граѓани. 

Нека е честит големиот празник Курбан Бајрам!

Треба да знаете
Последни објави