Search

Честитка од Здружението „Храбро срце” по повод Светскиот ден на дарување органи

Здружението „Храбро срце” со повеќе активности го одбележува 13 Август – Светскиот ден на дарување органи.

Од Здружението им го честитаат овој ден на пациентите кои очекуваат орган за трансплантација, на семејствата кои даруваа органи, на здравствените работници и на сите граѓани.

– На овој ден сите се стремиме да го мотивираме дарувањето органи за да се спасат човечки животи, како посебно благороден и хуман чин кој е најголемиот подарок што еден човек може да му го дарува на друг човек. Дарувај орган, спаси живот!, се вели во честитката од Здружението „Храбро срце”.

Треба да знаете
Последни објави