Search

Честитка од Заев по повод Националниот ден на Власите

Премиерот Зоран Заев  упати честитка до припадниците на влашката етничка заедница по повод 23 Мај, Националниот ден на Власите.

-Денеска сите ние го славиме 23 Мај – Националниот ден на Власите, како значаен празник за да се потсетиме на вековниот стремеж на Власите за зачувување и промовирање на својот сопствен јазик, култура и традиција.

Целиот влашки народ и истакнати личности Власи, учествуваа во најважните поглавја на нашата долга и исклучително богата историја, во која Власите секогаш имаа значајно место во борбата за слобода, државност и независност на нашата земја.

Нашите сограѓани Власи, биле и остануваат и понатаму силен дел на нашето заедничко општество во кое, продлабочувањето на заедништвото, меѓусебната толеранција, доверба и почитувањето на посебностите, обезбедуваат стабилна и сигурна иднина за сите граѓани во нашата земја.

Честит 23 Мај – Национален ден на Власите!”, се вели во честитката од премиерот Заев до припадниците на влашката етничка заедница.

Треба да знаете
Последни објави