Search

Честитка на претседателот Заев по повод верскиот празник Фитер Бајрам

Почитувани граѓани, многу ценети верници од Исламска вероисповед,
Празникот на Фитер Бајрам како еден од најзначајните датуми во Исламскиот календар, го означува крајот на светиот месец Рамазан. Духот и патот на верникот е тесно поврзан со прочистување на душата и мислата преку молитви, храброста да му се спротивставува на злото, насилството, злоупотребата, нарушувањето и уништувањето на чистите вредности.
Во текот на овој месец, поминавте низ големи искушенија и предизвици оставајќи ги на страна сите лични потребни и суети, со цел приближување и восвишување кон семоќниот Господ. Иако годинава месецот Рамазан беше проследен преку бројни мерки и рестрикции како резултат на глобалната пандемија на Коронавирусот, вие пак достоиствено издрживте и ја исполнивте оваа годишна обврска која што во Исламот е една од главните столбови на верата.
Како значајни политички чинители во општеството, водиме грижа и преземаме максимална одговорност кон зачувување на здравјето, достоинството и благосостојбата на сите наши граѓани. Преку воспоставување на професионалност, независност и демократизација на државните институции, нашата земја заедно со вас со сиурни чекори ги реализира своите аспирации и определби кон европското семејство, каде што припаѓаме.
Почитувани сограѓани, верници од Исламската вероисповед, во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, како и во мое лично име Ви го честитам големиот празник Фитер Бајрам. Ви посакувам овие празнични денови да ги поминете со вашите најблиски и најсакани, во мир, лубов, спокојство и меѓусебно разбирање!
Треба да знаете
Последни објави