Search

Честитка на Кирацовски за Националниот ден на Власите: Концептот едно општество води кон напредок и интеграција

Генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски по повод Националниот ден на Власите – 23 Мај, упати честитка до припадниците на влашката етничка заедница во која меѓудругото се вели:

„Почитувани сограѓани, припадници на влашката етничка заедница ми претставува особена чест да ви го честитам Националниот ден на Власите  со желба за добро здравје, љубов и среќа во Вашите семејства.

На овој ден  ја одбележуваме  посебноста на Власите  како дел од нашето мултиетничко општество и почитта кон влашката традиција, култура и историска посебност.

Во мултиетничка држава како нашата од особено значење е меѓусебното разбирање и почитување помеѓу различните етнички заедници кои воедно претставуваат огромно богатство од култура , обичаи и различности кои  нè поврзуваат и нè прават посилни.

Наша цел е и понатаму да го унапредуваме концептот на едно општество за сите, бидејќи тоа ни дава сигурност кон патот на просперитет и интеграција на нашата татковина.

Честитајќи ви го денешниот празник, упатувам и искрена надеж за продолжување на заедничката  мисија за градење на просперитетна, современа и демократска Република Северна Македонија и обезбедување на подобра иднина на сегашните и идни генерации“, стои во честитката на Кирацовски.

Треба да знаете
Последни објави