Search

Честитка на градоначалникот на Бутел за Курбан Бајрам

Градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски, упати честитка по повод верскиот празник Курбан Бајрам.

„На сите наши сограѓани од исламска вероисповест,им го честита големиот муслимански празник Курбан Бајрам со желби за радост, мир, љубов и благосостојба. Да продолжиме да ги негуваме човековите вредности, почитта и меѓусебното разбирање“, се вели во честитката од градоначалникот Смилевски.

Треба да знаете
Последни објави