Search

Червар: Овие судии треба да ги ставите во затвор!

Селекторот на хрватската ракометна репрезентација, Лино Червар синоќа не го криеше својот бес после поразот од Германија во Келн.

Хрватска после вчерашниот пораз од 22:21 ги загуби шансите за пласман во полуфиналето и борба за медал на Светското првенство, а Хрватите беа бесни на судиите од Данска кои што според нив, не досудиле чист пенал за Хрватска при 21:20.

„Ова беше грабеж на Хрватска кој го виде целиот свет. Овие судии треба да ги ставите во затвор. Ова не е прв пат. Данците ни го одзедоа првенството во 2008, 2009 и 2010-та година и тоа треба јавно да се каже. Не може да се дозволи аматери да судат вакви натпревари и да одлучуваат за нашата судбина“, изјави Червар и додаде:

„Ние ги надигравме Германците пред нивна публика, а судиите ни ја одзедоа победата“, изјави Червар.

Треба да знаете
Последни објави