Search

Червар: За ништо немам замерка, за злато ни требаше малку повеќе

Хрватскиот тренер Лино Червар не успеа ниту по трети пат да освои злато од европските првенства откако неговата селекција доживеа пораз од Шпанија (22-20) и остана без златото. По финалниот меч во Стокхолм, трофејниот стратег му честита на противникот, а истакна дека повеќе нема да ја води Хрватска.

„Мора да бидеме задоволни. Имавме една рововска битка. Шпанија имаше подолга клупа и искуство. Го немавме Циндриќ, тоа ни беше голем проблем, а и бековите не ни беа расположени. Одбраната на Шпанија беше цврста. Штета. Како и да е, честитам на играчите за одиграното. Крваво го заработивме ова финале. За ништо немам замерка, за злато ни требаше малку повеќе“, изјави Червар.

Искусниот тренер ќе ја води Хрватска во квалификациите за ЛОИ, но истакна дека нема повеќе да биде селектор.

-Благодарен сум за сите медали кои ги освоив и не можам да се жалам на ништо. Со гордост гледам на својата кариера. Израснав во мал град и постигнав многу. Благодарен сум на сите играчи со кои работев и на сите помошници и соработници. Тоа се прекрасни луѓе. Јас нема повеќе да ја водам Хрватска на ЕП или СП, заврши Червар.

За Лино Червар ова беше трето загубено финале на Европските првенства, по оние во 2008 и 2010 година.

Треба да знаете
Последни објави