Search

Червар додека ја чека казната од ИХФ: Не се плашам од никого, ама нема да ме има уште долго!

Хрватскиот ракометен селектор, Лино Червар е во центарот на вниманието по неговите бурни реакции по контроверзниот пораз на Хрватска од Германија, најмногу по заслуга на чудните одлуки на данските судии.

Вратата на Хрватите за влез во полуфинале е затворена, денеска им преостанува само мечот против Франција за задржување на можноста за олимписки квалификации.

Селекторот на „Каубоите“, Червар вели дека неговите денови на клупата на репрезентацијата се изброени и дека не треба да се грижат оние кои му замеруваат на одлуките.

„Реков дека на чело на репрезентацијата ќе бидам уште кратко, сите кои имаат нешто против мене, нека не се секираат, нема уште долго да ме има“ – вели Червар.

Тој истави силен печат во хрватскиот ракомет, а посебно почитуван е поради тоа што секогаш се трудел да ги подучи младите.

„Сигурно ќе отидам наредната година. Се жртвував и работев, понекогаш одев спроти струјата, но тоа е мојот живот. Не ми е жал. Работев 45 години и им го пренесував знаењето на младите. Не сум совршен, тврдоглав сум, но тренерот мора да биде тврдоглав. Не се плашам од никого“ – вели Лино Червар.

Треба да знаете
Последни објави