Search

Чепреганов: Сите ние сме жртви на тие 20 отсто народ кои не ги почитува мерките

Невропсихијатарот Методи Чепреганов во отвореното студио на ТВ 24 истакна дека има 80 отсто кои ги почитуваат препораките и 20 отсто кои не ги почитуваат препораките за заштита.

„Тие 20 отсто не ги почитуваат мерките поради менталниот склоп. Ние сме жртви на тие 20 отсто кои се однесуваат недицилинирано и со неодговорно и го загрозуваат сопственото и здравјето на нивните семејства и најблиски.“ – рече Чепреганов.

Чепреганов потенцираше дека суетата и инаетот со себе носат експресија према надвор и сеат завист, љубомора и злоба и со такви луѓе не може да се разговара. Во ваква состојба која е животозагрозувачка, ако некој не го признава тоа, тогаш таквите луѓе се противници кои сите околу себе.

„Суетата и егото не ги оставаат дома. Со човек со хипертрофирано его, да се нема контакт, зошто таков живее од конфликти и за конфликит и ги прави конфликтите кои му се насочна храна.“ – вели доктор Чепреганов.

Треба да знаете
Последни објави