Search

Ченто: Вие ме осудивте, историјата ќе ме ослободи, да живее Македонија!

По изрекување на пресудата од 15 години затворска казна, Јане Ченто рече дека се прашувал дали да бараод Судот да се брани од слобода или да биде во куќен притвор, но се пишманил со оглед на тоа дека со лажна службена белешка од полицаец пак бил вратен во притвор.

-Вие ме осудивте, историјата ќе ме ослободи. Да живее Република Македонија!

Адвокатот на Мумир Пепиќ образложи дека неговиот клиент  е во куќен притвор 11 месеци и таму да остане до правосилноста на пресудата.

-Со самото тоа што обаа мерка се почитува без никаква забелешка, сметам дека нема основа и причини поради кои ваквото решение би опстојало и после овој предлог на обвинителството. Барам предлогот на обвинителството да биде одбиен и продолжи мерката која опстојува.

Пепиќ кажа дека во поминатите 11 месеци не прекршил ништо, ниту помислил да бега.
– Барам да бидам со моето семејство до одлука на Апелација и ве молам да бидам со моите деца, рече Пепиќ.
И адвокатот на обвинетиот Абдулфета Алими, кој доби седум години затвор и не е во притвор побара тој да се брани од слобода.
-Со гаранција е пуштен да се брани од слобода и по таа одлука доаѓаше на сите главни расправи. Обвинителката ги кажа истите околности за сите обвинети што не е законски, а меѓу околностите обвинителката кажа дека имотот што бил даден не бил нивни. Рековте дека било јасно кој бил таргет на овој настан, Заев и Села. Во делот кога говоревте за Алими и во поглед на казната и во вашиот став рековте дека овој обвинет е единстевната причина што Села е жив, но пасивно се однесувал и ништо не превзел. Барам да не го прифатите предлогот на обвинителството, рече адвокатот.
Даниела Вељановска
Фото: Слободан Ѓуриќ
Треба да знаете
Последни објави