Search

Челси се засили на голманската позиција

Челси официјално објави дека ангажирал нов голман – Едвард Менди од Рен. Сенегалецот доаѓа на „Стемфорд Бриџ” поради слабата форма на сегашниот актуелен чувар на мрежата Кепа Аризабалага, кој прави многу грешки. „Сините” ќе платат 25 милиони евра, а потпиша договор за пет сезони.

Менди е осмиот нов играч во Челси ова лето по Хаким Зиеш, Тимо Вернер. Ксавиер Мбујамба, Бен Чилвел, Тиаго Силва, Маланг Сар и Каи Хаверц.

Дваесет и осум-годишниот голман доаѓа по препорака на Петер Чех, кој е и спортски директор на клубот. Пред 16 години, Чехот го направи истиот трансфер – од Рен во Челси.

Менди е роден во Франција, но избра да игра за Сенегал, татковината на неговата мајка. Неговиот татко е од Гвинеја-Бисао.

Треба да знаете
Последни објави