Search

Челси од јануари се враќа на фудбалска берза, ќе купува и продава играчи

Спортскиот арбитражен суд ја прифати жалбата на фудбалскиот клуб Челси, па „сините” од Лондон може да купуваат нови играчи уште во јануарскиот преоден рок.
Забраната која беше изречена од ФИФА поради прекршување на правилата за потписи со малолетни играчи, важеше за два преодни рока, но Челси откако не смееше да купува нови играчи летоска, сега доби „зелено светло”, и не мора да чека до јули.

Намалена е и паричната казна. Наместо 600.000, Челси ќе плати 300.000 швајцарски франци.Сега, откако е крената „рампата”, се очекува Челзи да продаде некого и да потроши 200 милиони за доведување фудбалери кои ги сака тренерот Френк Лампард.

Треба да знаете
Последни објави