Search

Челси и Ајакс одиграа луд меч, Борусија со пресврт до победа над Интер

Најинтересниот меч, не само во ова коло од Лигата на Шампионите туку и во нејзината историја одиграа Челси и Ајакс вечерва на Стемфорд Бриџ, а кој заврши нерешено 4-4.
Возбудувањата почнаа уште во втората минута кога Абрахам си постигна автогол за водство на Ајакс од 1-0, само три минути подоцна Жоргињо од пенал го изедначи резултатот на 1-1.
 Потоа следуваа три гола на Ајакс, Промес даде гол за 2-1, несреќниот Кепа Аризабалага си ја затресе мрежата за 3-1, а по десет минути игра во вториот дел Ван де Бек зголеми на 4-1.
Во 63. минута Аспуликуета намали на 4-2 и го врати Челси во игра.
Вистинската драма се случи во 68. минута кога во еден напад Ајакс доби два црвени картони, а Челси пенал. Блинд стартуваше опасно, судијата остави предноста и при истиот напад Велтман играше со рака во сопствениот шеснаесетник. Судијата Роки им покажа второ жолти на Блинд и Велтман по што Ајакс остана со играч помалку. Жоргињо од пенал намали на 4-3.
Три минути подоцна Челси преку Џејмс го изедначи резултатот на 4-4. Сините постигнаа и петти гол преку Аспиликуета но тој беше поништен поради игра со рака на стрелецот на голот.
Драма имаше и во Дортмунд каде Борусија го победи Интер со 3-2.
По првото полувреме Интер водеше со 2-0 со головите на Лаутаро Мартинез и Весино. Но во вториот дел Хаким со два гола и Бранд со еден донесоа пресврт и голема победа за Борусија Дортмунд.
Наполи одигра само 1-1 против Салцбург, Елмас остана на клупата на овој меч. Ливерпул со 2-1 го совлада Генк. Лио со 3-1 славеше над Бенфика, а Валенсија со 4-1 го победи Лил.
Претходно Барселона и Славија Прага одиграа 0-0, а Лајпциг со 2-0 славеше кај Зенит.
Треба да знаете
Последни објави