Search

Челзи ќе располага со 150 милиони фунти за зимски трансфери

Раководството на Челзи ќе одвои 150 милиони фунти на менаџерот Франк Лампард за зимска селекција, пренесе „Гардијан”.

На списокот на нови играчи на Лампард се Џејден Санчо (Борусија Дортмунд), Тимо Вернер (РБ Лајпциг), Вилфрид Заха (Кристал Палас), Муса Дембеле (Олимпик Лион) и Фјодор Чалов (ЦСКА Москва).

Челзи доби право да купува нови играчи во јануари, откако Спортскиот арбитражен суд во Лозана го собори трансфер ембаргото наметнато на клубот на почетокот од овој месец.

Лондонскиот тим се на четвртото место во Премиер лигата и обезбедија место во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Треба да знаете
Последни објави