Search

Челзи убедлив на гостувањето кај Лестер

Лидерот во англискатан фидбалска премиерлигашка конкуренција Челзи оствари убедлива победа на гостувањето кај Лестер (0:3) во 12. коло и се зацврсти на врвот. Тимот од „Стемфор Бриџ“ доминираа уште од првата минута, а подобрата игра ја крунисаа со гол уште во 14 минута. На нафрлената топка по првиот корнер за Челзи, највисок беше Антонио Ридигер кој го постигна четвртиот гол на натпреварите против Лестер. Во 28 минута Челзи поведе со 0:2 откако одличната акција со гол ја круниса Нголо Канте.

Во второто полувреме, домашниот тим заигра поофанзивно, но Едуард Менди со неколку одлични интервенции не дозволи да се затресе неговата мрежа. Во 71 минута Челзи преку Кристијан Пулишиќ ја потврди убедливата победа.

По 12 кола, Челзи има девет победи и со 29 бода е првопласира, додека Лестер трет натпревар е без победа и се наоѓа на 12. место со 15 бодови.

Треба да знаете
Последни објави