Search

Челзи преку Лестер си обезбеди полуфинале на ФА-Купот

Челзи го доби дерби-дуелот со Лестер Сити (0-1) и патува во полуфиналето од ФА Купот.

Пулените на Френк Лампард не блескаа, но ја искористија својата најсериозна шанса за да се пласираат меѓу најдобрите четири во најстарото англиско фудбалско натпреварување. Доволен беше еден гол, кој беше дело на Рос Баркли.

Во полуфиналето на англискиот ФА Куп се уште Манчестер Јунајтед и Арсенал, што значи дека не чека едно големо дерби. Последниот патник ќе го даде натпреварот меѓу Њукасл и Манчестер Сити.

Треба да знаете
Последни објави