Search

Челзи подготвени да изгубат 100 милиони евра, за да го задржат Азар

Челзи е подготвен да ризикува да изгуби 100 милиони евра, но да го задржи Еден Азар и во следната сезона на „Стемфорд Бриџ“.

 

Според информациите, Челзи сериозно ја разгледува можноста да го задржи Азар до крајот на неговиот договор. Договорот на белгискиот репрезентативец со лондонскиот клуб истекува на 30 јуни 2020 година.

Се верува дека Азар преговарал за неговите услови со Реал Мадрид и е многу близу до трансфер на „Сантијаго Бернабеу“.

Во исто време Челзи не сака да го испушти својот голем лидер, откако обезбеди учество во групната фаза на Лигата на шампионите за следната сезона.

Челзи може да нема можност да се засили во летниот трансфер прозорец поради санкцијата на ФИФА, иако „сините“ сè уште можат да го однесат случајот до КАС, што ќе им овозможи да привлечат нови засилувања.

Загубата на Азар драстично ќе го намали квалитетот во составот на Челзи, кој наредната сезона ќе се стреми да се претстави максимално силно, како во Лигата на шампионите, така и во Премиер лигата.

Треба да знаете
Последни објави