Search

Челзи доби нова забрана за трансфери

Некој во Лондон не си ја научи лекцијата – Челзи повторно доби забрана за трансфери во двата наредни трансфер-периоди. ФИФА докажа дека „сините“ уште еднаш ги прекршија правилата за трансфер на малолетници.

Според истрагата на ФИФА, Челзи беше прогласен за виновен за прекршување на членот 19 од правилникот во 29 случаи на трансфер на малолетници, а покрај тоа беа пронајдени уште неколку случаи во кои клубот немал потребна документација за регистрирање на играчите.

Дополнителна парична казна од 460.000 фунти ја придружува забраната за трансфери, а ФИФА му даде на Челзи рок од 90 дена за регулирање на неправилностите околу трансферите на малолетниците. Клубот има право на жалба до Комитетот за жалби на ФИФА.

Трансферот на Кристијан Пулишиќ беше официјализиран уште минатиот месец, така што Американецот има право да го комплетира преминот во Челзи на лето. Покрај него, на Челзи му се приклучи и Гонзало Игуаин на 18-месечна позајмица, а како што стојат работите, тоа ќе бидат последните засилувања за тимот до наредната година.

Треба да знаете
Последни објави