Search

Чаша црвено вино има ист ефект како еден час вежбање во теретана, тврдат научниците

Истражување на Универзитетот Алберта во Канада наведува дека ефектот на една чаша црвено вино може дa се спореди со цел саат вежбање во теретана.

Работата е во тоа што ресвератролот во црвеното вино има антиинфламаторно, кардиопротективно и антиканцерогено дејство, а исто така и го намалува нивото на шеќер во крвта. Ресвератрол може да го разбуди организмот како саат време физички активности.

Според зборовите на раководителот на истражувањето Џејсон Дајк, ова ќе ви овозможи да го оддржите тонусот на мускулите, дури и ако не одите во теретана. Ресвератрол ги зголемува отчукувањата на срцето и со самото тоа го јакне срцето, а и мускулите.

„Секој од нас слушнал повеќе пати за здравата навика да се пие чаша црвено вино со ручекот, но повеќето никогаш не размислувале што тоа всушност значи,“ се вели во ова истражување.

 

Треба да знаете
Последни објави