Search

Чанак: Да и се врати имотот на Црна Гора одземен 1918, никој не и брани на СПЦ да гради нови храмови

Претседателот на Лигата на социјалдемократите на Војводина (ЛСВ), Ненад Чанак, изјави дека е факт да по 1918 година практично комплетната сопственост на Црногорската православна црква (ЦПЦ) станала сопственост на Српската православна црква (СПЦ), и се заложи за „исправување на историската неправда” и за враќање на одземениот имот.

-Со невраќање на имотот на Црна Гора од 1918 година би се направила историска неправда. Станува збор за факт, за имот кој бил одземен „со меч” во 1918 година да им се врати на сопствениците –на држава Црна Гора, изјави Чанак за „Дневен весник” од Подгорица.

Тој додаде дека не разбира што е тука спорно.

-Никој не и брани на СПЦ да изгради нови храмови. Велика Британија и го врати Хонг Конг на Кина по 99 години, зошто СПЦ да не и го врати на ЦПЦ или на црногорската држава, она што беше одземено со укинувањето на црногорската државноста во 1918 година. Со невраќањето на имотот на Црна Гора од 1918 година, ќе се направи историска неправда. И тоа е сè , порача Чанак.

Тој оцени дека обидите за политизација на ова прашање може да бидат „исклучително опасни”, бидејќи отвораат линии на поделба, кои не носат корист никому.

-Што се однесува до отпорот на Србија и на СПЦ на донесувањето на законот за верските слободи во Црна Гора, тука гледам две работи. Од една страна станува збор за имот, а од друга страна за политичко влијание. Во врска со ова, гледаме дека СПЦ, за моја жал, беше користена и од (Слободан) Милошевиќ и од сите оние кои ја ширеа идејата не само за голема Србија, туку и оправдуваше серија на целосно антицивилизацијски постапки во текот на 90-тите години на минатиот век, на начин кој е целосно неприфатлив, рече Чанак.

Тој оцени дека приказната за ЦПЦ и обновата на нејзината автокефалност е „рак рана” во односите меѓу Србија и Црна Гора и додаде дека главна причина за ова е „погрешното толкување и разбирање на српството”.

И покрај реакциите кои доаѓаат од Србија, лидерот на ЛСВ верува дека ова нема да има големо влијание врз официјалните односи меѓу Подгорица и Белград, и дека претседателот на Србија Александар Вучиќ, без оглед на пораките, сепак ќе “се спротивстави на притисокот од СПЦ”, односно дека нема да се приклучи на „некаква хистерија против Црна Гора”, иако сега изгледа дека ова не е така.

-Ќе има притисоци, но лично мислам дека Вучиќ има други приоритети. Мислам дека на крајот ќе преовлада разумот и државништвото, бидејќи во моментов не е добро да се заоструваат односите, бидејќи ионака на Балканот постојат многу тензии и нема потреба од нови, кажа Чанак.

Треба да знаете
Последни објави