Search

Чанак: На Србија не и треба “да клекне пред Путин”

Лигата на социјалдемократите на Војводина (ЛСВ) во пресрет на посетата на рускиот претседател Владимир Путин, порача дека „на Србија не и треба да клекне пред Путин, туку и треба проевропска алтернатива.”

Претседателот на ЛСВ Ненад Чанак, во соопштението до медиумите, оцени дека никој друг освен ЛСВ, ниту владата, ниту опозицијата, не смее да го праша рускиот претседател за тоа зошто не е реализиран гасоводот „Јужен тек”, поради што, Србија претрпе огромна материјална штета.

Чанак додава дека никој не прашува поради што Москва го опструира решавањето на косовското прашање.

Зошто руското државно претпријатие- Гаспром во Србија плаќа најниска рудна рента во Европа и зошто руската држава ја поддржува екстремната десница и воените злосторници, како што е Воислав Шешељ, прашува Чанак.

Чанак смета дека со ширењето на национализмот и на потчинетоста, па дури и со служење на интересите на Русија, се работи против интересите на Србија и нејзините граѓани.

Треба да знаете
Последни објави