Search

Чамец со 36 бегалци и мигранти пристигна на грчкиот остров Лезбос

На грчкиот остров Лезбос рано утрово од турското крајбрежје пристигна чамец со 36 бегалци и мигранти, а како што е веќе пракса, 14 дена ќе бидат сместени во специјален простор- карантин, наменет за новите пристигнувања, со цел да се изолираат, поради Ковид-19 и да не се мешаат со оние кои престојуваат во прифатните центри, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, се очекува претставници од Националната организација за јавно здравје да ги тестираат бегалците и мигрантите пред да бидат префрлени во карантин.

Од почетокот на месецов, ова е трет чамец што пристигнува на Лезбос. Пристигнаа вкупно 70 бегалци и мигранти во два одвоени случаи, 51 мигрант на 6 мај и 19 лица на 10 мај.

При анализираните примероци, во вторникот беше соопштено дека две лица од првата група се заразени со новиот коронавирус, иако немале никакви симптоми.

Треба да знаете
Последни објави