Search

Чаир со двојно повеќе заболени од завчера, Бутел му се доближува на Сарај

Скопје во изминатово деноноќие доби нови 24 заболени од Ковид 19, од 62 нови случаи во земјава, соопшти Министерството за здравство.

Најмногу од новозаразените се во Чаир- 11, по што следуваат Бутел со 6, Сарај, Карпош, Аеродром со по два случаи и еден во Гази Баба. Во Чаир вчера имаше пет нови случаи, што значи дека за повеќе од сто отсто е зголемен бројот на заразени.

Во Скопје во моментов има 267 активни случаи со коронавирус: Чаир- 65, Сарај- 41, Бутел- 34, Аеродром- 32, Гази Баба- 31,  Карпош-11, Илинден- 10, Кисела Вода-9, Ѓорче Петров-8, Студеничани-8, Центар-8 Шуто Оризари-7, Арачиново-3 Петровец-3 и Сопиште со 2 активни случаи.

Од остататите општини во земјава, голем број случаи има во Штип-14 и во Тетово 12, кои и министерот за здравство Венко Филипче ги спомена како места каде многу малку или воопшто не се почитуваат мерките за заштита.

Во Штип како проблем се појави една текстилна конфекција, каде има најмалку 20 заболени, над 150 лица се во изолација.

Од денешните 14 новозаразени во Штип и Карбинци има две деца, на возраст од една и три години.

Според епидемиолозите, во тек е анкетата за да се утврди дали децата се поврзани со овој кластер, или со друг. Денеска ќе се изврши тестирање на родителите на двете деца.

Инаку, во тек е скрининг  на сите вработени во штипската конфекција, каде што деновиве се шири коронавирусот, но и на работничките од другите две конфекции кои се превезувале во истиот автобус со заразените до своите работни места.

Треба да знаете
Последни објави