Search

Чавушоглу: Турција ќе реагира во случај на американски санкции

Турција ќе преземе мерки доколку САД направат непријателски чекори против неа, изјави денеска шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу.

Во изјавата за турската ТВ станица А Хабер, Чавушоглу рече дека Турција е отворена за алтернативна набавка на американски борбени авиони Ф-35, вклучувајќи и набавка на руски авиони, доколку биде суспендирана од таа програма поради купувањето на системи С-400.

Анкара и Вашингтон се во спор околу турската набавка на рускиот систем С-400, за кој САД тврдат дека не е компатибилен со НАТО системите и претставува закана за програмата на развој на американскиот „невидлив” борбен авион Ф-35, кој го развива корпорацијата Локхед Мартин.

Треба да знаете
Последни објави