Search

Чавушоглу: Турција ќе возврати доколку САД воведат санкции

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу предупреди денеска дека Турција ќе возврати доколку САД воведат санкции поради нејзините воени операции во североисточниот дел на Сирија против курдските борци кои ги поддржува Вашингтон.

Анкара може да биде соочена со санкции, предложени од републиканскиот сенатор Линдси Грем и неговиот демократски колега Крис Ван Холен, кои би го погодиле имотот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и други високи претставници.

Според предлогот на Грем, би биле воведени и визни рестрикции и санкции за сите кои вршат воени трансакции со Турција.

Треба да знаете
Последни објави